Руската армија ги уништи македонските тенкови донирани на Украина

Руската армија уништи баталјон од украински војници кој беше опремен со македонски и словенечки тенкови, јавија медиуми.

Во прашање е првиот механизиран баталјон на 28-та бригада на украинската армија кој дејствувал во правец на Криворож.

Руската армија ги уништи македонските тенкови донирани на Украина

На Фејсбук е објавена снимка од уништени тенкови кои пристигнале до украинската армија од Македонија и Словенија заедно со тенковите Т-72 на НАТО.

На снимката се гледаат и единици на самоодни хаубици МТЛБ и борбени извидувачки возила БРДМ, исто така уништени.

*вестите треба да се земаат со одредена доза на резерва затоа што не постои начин да се проверат… (заб.уред.)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.