Руската фудбалска федерација во вторник официјално ќе се повлече од УЕФА и ќе се приклучи на Азиската фудбалска конфедерација, изјави претседателот на ФСР, Александар Ѓуков, а пренесува Танјуг.
На руските клубови и националниот тим им е забрането да играат во натпреварувања под покровителство на УЕФА и ФИФА, поради санкциите под кои Русија е од почетокот на војната во Украина.
„Оваа одлука сигурно ќе влијае на тоа како ќе се развива рускиот фудбал во следните 10 години. Почнавме да разговараме за тоа, но се согласивме дека прво треба да ги анализираме сите можни сценарија и нивните последици. Доволно е само да се спореди односот на Азија и Европа кон нас.
Во Азија имаме 48 репрезентации и само две-три не сакаат да играат против нас. Сосема е различно од она што се случува во Европа, каде повеќе од половина репрезентации не сакаат да се сретнат со нас“, изјави Ѓуков.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.