Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова денеска изјави дека е можно прекинување на дипломатските односи меѓу двете земји поради масовното протерување на руските дипломати.
Руското МНР најави дека Москва ќе преземе соодветни мерки, а Митрофанова во интервју за бугарската телевизија прецизира дека е во контакт со Министерството и дека одговорот ќе биде одлучувачки.
„Дипломатските односи би можеле дури и да бидат прекинати“, рече Митрофанова, пренесува Спутник.
Бугарската телевизија објави дека рускиот амбасадор се обратил до Министерството за надворешни работи во Софија со вербална нота да се откаже од протерувањето на дипломатите.
Бугарскиот премиер Кирил Петков во вторникот најави дека 70 руски дипломати ќе бидат протерани, наведувајќи дека е решено дека работеле за специјални служби.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.