Од кабинетот на архиепископот Стефан досега нема официјална информација за доаѓањето на митрополитот Антониј. Нема најава и на сајтот на РПЦ, ниту, пак, за тоа што е целта на посетата, која се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.
Бугарски „Фактор.бг“, повикувајќи се на црковни извори, посочува дека митрополитот Антониј доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ.
Бугарските медиуми потсетуваат и дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна“ средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синдот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА.