Руските напади врз енергетските постројки се „брутален крах на цивилизацијата“

Руските ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура „се брутален крах на цивилизацијата“, изјави денеска во Букурешт шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок.

Нападите се „најбруталното кршење на меѓународното право што може да се замисли“, рече Баербок.

-Кога инфраструктурата е намерно бомбардирана, тогаш доброволно прифаќате децата, старите луѓе и семејствата да смрзнуваат до смрт, да умираат од жед и глад, додаде таа.

Рускиот претседател Владимир Путин сака да го скрши ‘рбетот на украинското општество, рече Баербок, ветувајќи континуирана поддршка за Украина.

Шефицата на германската дипломатија учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт, кои ќе разговараат како да се зајакне заедничката поддршка за Украина во поглед на претстојната зима и интензивирањето на руските напади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.