Руските олигарси останаа без 95 милијарди долари

Најбогатите руски олигарси изгубија дури 95 милијарди долари како резултат на санкциите на Западот, воведени поради руската агресија врз Украина.

Тоа значи дека од почетокот на војната до сега губеле по 330 милиони долари дневно.
Најмногу загубил поранешниот сопственик на англискиот фудбалски клуб Челси, Роман Абрамович – 57 отсто и сега неговото богатство изнесува 7,8 милијарди долари, покажуваат податоците на Bloomberg.

Абрамович беше еден од првите олигарси санкционирани од Велика Британија. Британските власти го опишаа како некој со „јасни врски“ со режимот на рускиот претседател Владимир Путин.
Богатството на инвеститорот во енергетскиот сектор и близок пријател на Путин, Генадиј Тимченко, е помало за 48 отсто и сега изнесува 11,8 милијарди долари. Богатството на другиот партнер на Путин, Сулејман Керимов, е за 41 отсто помало и сега изнесува девет милијарди долари.

Како што пишува британскиот весник Guardian, британската влада ги замрзна средствата на олигарсите и други Руси во вредност од 18 милијарди фунти.
Меѓу санкционираните е и вториот најбогат Русин Владимир Потанин, познат како „крал на никелот“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.