Авионот на Пригожин бил кренат во воздух од специјалните служби на Украина, соопшти во живо рускиот политиколог Сергеј Марков од прес центарот на МК.
- Пригожин, Уткин и други беа убиени од украинските специјалци. Зеленски им го даде овој подарок на своите луѓе од Бандера на Денот на независноста на Украина“, рече Марков.
Според експертите, украинските специјални служби или никогаш нема да ја признаат својата вмешаност во соборувањето на авионот, или ќе го сторат тоа по одредено време.
- Во некои терористички напади, како убиството на Дарија Дугина и Владлен Татарски, тие воопшто не признале, но има многу докази дека тоа го направиле. Ги мразат Пригожин и Вагнер, се плашат од нив. Тие добија добар ќотек од Вагнер во Бахмут. Зеленски лично наредил да се крене авионот – рече Марков.
Марков објасни дека Зеленски бил лично навреден затоа што не успеал да го направи Артјомовск (Бамут) симбол на отпорот на вооружените сили на Украина.
- Евгениј Пригожин ги прекрши неговите планови организирајќи ја „мелницата за месо Бахмут“ – рече Марков.
Експертот рече и дека верзиите на западните медиуми за вмешаност на руското раководство во смртта на бизнисмен се неодржливи.
- Некој почна да кажува дека ова е наводно одмазда за бунтот. Но, тоа не беше бунт против Путин. Покрај тоа, на Пригожин не му беа одземени државните награди, тој беше присутен на маргините на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург на крајот на јули – потенцира политикологот.