Руски ракетни напади врз повеќе градови низ Украина, оштетени се објекти на електричната мрежа


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа оцени дека рускиот претседател Владимир Путин ќе направи се што може за да ги интензивира нападите врз Украина оваа година и да се обиде да ја скрши земјата

Украинските власти утринава известија за експлозии на североистокот, југот и западот на земјата, за време на новиот бран руски ракетни напади во кои, како што соопшти Киев, оштетени се објектите на електричната мрежа. Експлозии се слушнале во украинскиот град Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехов преку апликацијата за пораки Телеграм, како и во регионот Запорожје, според гувернерот Иван Федоров.

Гувернерот на западниот регион Лавов Максим Козицки, на Телеграм извести дека во областа работи противвоздушната одбрана. Украинскиот министер за енергија Херман Халушченко напиша на Телеграм дека нападите биле насочени кон постројки за производство и дистрибуција на електрична енергија во регионите Харков, Запорожје, Лавов и Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа оцени дека рускиот претседател Владимир Путин ќе направи се што може за да ги интензивира нападите врз Украина оваа година и да се обиде да ја скрши земјата.

Во обраќањето тој потсети дека во вчерашниот напад на руските сили врз регионот Харков со наведувани бомби загинале три лица, меѓу кои и едно дете.

„Ова е руски терор што се случува секој ден и секоја ноќ во нашите погранични и исфрлени региони на фронтот. Путин ќе направи се за да ги интензивира нападите врз Украина оваа година и ќе се обиде да не скрши“,

рече Зеленски, истакнувајќи дека Украина ги зголемува своите способности да го „уништи окупаторот“. 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: