Руски Су-27 избркаа ловец на НАТО од авионот на Шојгу

Авион-ловец F-18 на НАТО се обиде да се приближи до авионот на министер за одбрана на Русија Сергеј Шогу додека леташе над неутралните води на Балтичкото Море, но беше избркан од руски авиони Су-27.
Авионот на Шојгу леташе од Калининград кон Москва. Беше придружуван од два ловци Су-27 на морнаричката авијација на Балтичката флота. Над неутралните води, авион F-18 на НАТО се обиде да му се приближи, но руските пилоти го истиснаа ловецот, не дозволувајќи му да пријде блиску, пренесува РИА „Новости“.

Во последно време земјите на НАТО редовно соопштуваат за „пресретнувања“ на руски воени авиони над Балтичкото море.
Русија нагласуваше дека сите летови над неутралните води на Балтичкото море се изведуваат строго во согласност со меѓународните норми.

Loading...