Доколку сакате набрзина да зготвите ручек, а да биде и вкусен и богат, тогаш овој рецепт за пилешко е токму она што ви треба.
Потребни состојки:
300 гр пилешко бело месо
150 гр печурки (шампињони)
100 гр моркови
3 пиперки (црвена, жолта и зелена)
2 тиквички
сол
бибер
мелен црвен пипер
магдонос
1 лажичка маслиново масло
2 лажици сос од домати
Подготовка:
Загрејте го маслото во тефлонска тава, а потоа додадете го месото исечкано на коцки. Пржете кратко, па додајте ги исечканите печурки и моркови. Кога зеленчукот ќе омекне, додајте сечкани пиперки и тиквички.
Промешајте сè и кратко динстајте. На крај додајте зачини и сосот од домати.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.