Кристијан Пулишиќ, американската ѕвезда во Челси го однесе САД во осминафиналето, ама уште повеќе го израдува и женскиот тим на оваа земја, зашто наградата од ФИФА за пласманот во нокаут-фазата ќе ја делат на половина.
Американките извојуваа победа со федерацијата уште во минатата година кога се изборија за еднаквост со машкиот тим, па сега според договорот, вкупната парична награда ќе биде поделена на два еднакви делови, за машкиот и женскиот тим – по 6,5 милиони долари.
Селектор на женската селекција на САД е Македонецот Влатко Андоновски, кој уште на крајот на 2019 година седна на клупата на најтрофејната нација во женски фудбал, а селекцијата ја подготвува за Мундијалот идната година.