САД ГИ ШПИОНИРАЛЕ И ЈУЖНА КОРЕЈА, ИЗРАЕЛ, А И ЗЕЛЕНСКИ

Високи американски официјални лица сега стравуваат дека ваквата ситуација може да се загрозат надворешните односи на САД со некои од нивните сојузници.

Соединетите Американски Држави го шпионирале украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на тајни документи на Пентагон објавени на интернет.

„Њујорк тајмс“ истакна дека документите, датирани на почетокот на март, наводно циркулирале преку „руските провладини канали на Телеграм“. Некои од документите откриваат дека САД подеднакво ги шпонирале и сојузниците и непријателите. Високи американски официјални лица сега стравуваат дека ваквата ситуација може да се загрозат надворешните односи на САД со некои од нивните сојузници.

САД ГИ ШПИОНИРАЛЕ И ЈУЖНА КОРЕЈА, ИЗРАЕЛ, А И ЗЕЛЕНСКИ

Еден од документите се однесува на конфликтот меѓу Русија и Украина и за наводно шпионирање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Еден документ открива дека САД го шпионирале Зеленски – наведува Си-Ен-Ен.

Како што се додава, извор близок до украинскиот претседател ваквата ситуација и ја нарече „очекувана“. Исто така, се забележува дека украинските власти се длабоко разочарани од објавените документи.

Телевизијата додава дека во извештајот на американското разузнавање, врз основа на радарските разузнавачки податоци, се наведува дека на крајот на февруари Зеленски „предложил да се изврши напад врз локациите за распоредување руски војници во регионот Ростов“ со помош на беспилотни летала, бидејќи Украина нема оружје со долг дострел способно да погоди такви цели.

Според Си-Ен-Ен, добиените разузнавачки информации можат да ги објаснат јавните изјави на САД за неподготвеноста да ѝ дадат оружје на Украина со долг дострел поради стравувањата дека Киев ќе го користи за да напаѓа цели на територијата на Русија.

Украина веќе промени некои од своите воени планови поради протекувањето на информациите, рече за „Си-ен-ен“ извор близок до украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Има и такви документи кои ги откриваат клучните слабости во украинското вооружување, противоздушната одбрана, како и на големината и подготвеноста на баталјоните во критичните точки на војната. Има материјали во кои се опишува состојбата на украинските единици и плановите на САД и НАТО за нивно зајакнување.

Некои од документите за кои американските официјални лица велат дека се автентични, го откриваат размерот на прислушување на клучните сојузници, меѓу кои и Јужна Кореја и Израел.

Други го откриваат степенот до кој САД продреле во руското Министерство за одбрана и руската платеничка организација „Вагнер“, главно преку пресретнати комуникации и извори, кои сега може да се загрозени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.