Според „Волстрит џурнал“, предложената пратка вклучува околу илјада бомби MK-82 и комплети за наведување JDAM за да се направи муницијата попрецизна, пакет што се проценува дека вреди десетици милиони долари
Соединетите Американски Држави се подготвуваат да испратат авионски бомби и друг тип на оружје во Израел со цел зајакнување на воениот арсенал на државата. Според „Волстрит џурнал“, пратката вклучува околу илјада бомби МК-92, комплети за наведнување „JDAM“ за да се направи муницијата попрецизна, а овој пакет се очекува да изнесува десетици милиони долари.
„Предложената испорака се уште се разгледува внатрешно од официјални лица, а деталите за предлогот би можеле да се променат пред администрацијата да го извести конгресниот комитет одговорен за одобрување на трансферот“,
пишува весникот, повикувајќи се на сегашни и поранешни американски функционери.
Во извештајот се наведува и проценката на предлогот на американската амбасада во Ерусалим, во која се вели дека израелската влада бара „брзо стекнување на тие средства за да го одбрани Израел од тековните и новите регионални закани“.
Претходно денеска, на панел на Минхенската безбедносна конференција, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Израел ќе има огромна можност да се интегрира во регионот оти арапските земји се подготвени за нормализација на односите, со што конечно би можело еднаш засекогаш да се прекине циклусот на насилство на Блискиот Исток.