САД по прв пат годинава генерираше повеќе електрична енергија од обновливи извори отколку од јаглен. Во април годинава 23% од генерираната енергија во САД беше од зелени извори како што се сонцето и ветрот, а 20% беше од јаглен, објави inovativnost.mk.
Цената на обновливите извори паѓа, па сега јагленот е поскапа, но и повалкана опција за производство на електрична енергија.
Од 2017 година досега во САД се затворија најмалку 50 фабрики за преработка на јаглен. Некои од државите во САД се префрлаат на природен гас, кој емитува помалку јаглерод диоксид отколку јагленот, но сепак е фосилно гориво.
Се планира изградба на 150 нови фабрики за природен гас и илјадници километри гасовод. САД нема национална стратегија за обновливите извори, па државите имаат различни планови.
Државата Њујорк се обврза до 2050 година да биде карбонски неутрален, а Калифорнија планира да го направи истото до 2045 година.
Велика Британија неодамна достигна слична точка во поглед на зелената енергија и по прв пат после Индустриската револуција успеа да генерира повеќе струја од незагадувачки извори отколку од фосилни горива.
Кина, пак, минатата година изгради повеќе капацитети за производство на струја од обновливи извори отколку која било друга земја, но земјата исто така е светски лидер по производството на јаглерод диоксид.

извор: inovativnost.mk