САД развија вештачка интелигенција што може да управува борбени авиони



Воздухопловните сили на САД соопштија дека успешно ја ставиле технологијата на вештачка интелигенција во функција на пилот на борбен авион. Вежбата се случила во септември 2023 година.

Американската агенција ДАРПА (Агенција за напредни истражувачки проекти за одбрана) објави дека борбен авион контролиран од систем со ВИ успешно му се спротивставил на човек-пилот за време на пробната битка во воздух спроведена минатата година. ДАРПА почна да експериментира со примена на ВИ во декември 2022 година како дел од програмата „АЦЕ“ (Air Combat Evolution) и разви ВИ-систем способен самостојно да управува со борбен авион придржувајќи се до безбедносните протоколи на американските воздухопловни сили.

Брзиот напредок на оваа технологија предизвикува и загриженост за тоа како војската би можела да ги користи овие системи.

По извршувањето на борбените симулации со помош на ВИ, ДАРПА го тестраше и експерименталниот авион „Икс-62A“, во воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија.

– Борбата беше проблем што требаше да го решиме за да може да почнеме со тестирање на воздухопловни самоуправувачки ВИ-системи. Секоја лекција што ја учиме се однесува на секоја задача што може да му ја дадете на самоуправувачки систем, изјави Бил Греј, главен тест-пилот во Школата за пилоти.

Агенцијата што досега има завршено вкупно 21 пробен лет, соопшти дека тестирањата ќе продолжат и годинава. „Волстрит журнал“ минатата година објави дека Пентагон се обидува да развие ВИ-технологија за одбрана како надградба на својата флота беспилотни летала.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: