САД: Рекорден буџет за војската, но Украина ќе добие 200 пати помалку од она што Бајден го побара од Конгресот

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша Законот за одбранбена политика на САД, кој одобрува рекордни 886 милијарди долари за војската и мерките како што е помошта за Украина.

Законот за овластување за национална одбрана, или NDAA, минатата недела го усвои американскиот Конгрес.

Пред шест години беше најголем криминалец и „сдсмовец“, сега ВМРО-ДПМНЕ го направија диркетор
Им нема крај на „конзистентните“ политики на ВМРО-ДПМНЕ, особено на кадровските политики на оваа Влада. Денеска, на седница на Владата за директор на ПИОМ беше поставен Никола Мемов, портпарол на …
Министерството за правда и странски експерти ќе работат на надминување на проблемите во правосудството
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Марциа Палота, проектен офицер од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија и тимот од проектот ,,Поддршка на ЕУ за владеење на …

Сенатот во кој доминира Демократската партија го одобри законот со огромно мнозинство од 87 „за“, додека Претставничкиот дом гласаше „за“ со 310 „за“ и 118, пренесува укинформ .

Нацрт-законот вклучува сè, од зголемување на платите за воениот персонал и купување на воени бродови и авиони до политики за поддршка на странски партнери како Тајван.

Нацртот од 3.100 страници бара зголемување на платите за 5,2 отсто за припадниците на војската и приближно три отсто зголемување на буџетот за национална одбрана на 886 милијарди долари.

Нацрт-законот ја продолжува помошта за Украина, Иницијативата за безбедност на Украина, до крајот на 2026 година, одобрувајќи 300 милиони долари за фискалната година која завршува на 30 септември 2024 година.

Сепак, оваа сума е многу помала од 61 милијарда долари што американскиот лидер ги побара од Конгресот за да му помогне на Киев.

Републиканците одбија да одобрат помош за Украина доколку демократите не се согласат значително да ги заострат законите за имиграција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.