Администрацијата ќе објави дека Министерството за енергетика и Националната лабораторија „Лоуренс Ливерморво Калифорнија“ (ЛЛНЛ) постигнале „нето енергетска добивка“ од експериментален реактор за фузија.
Тоа би било првпат истражувачите успешно да произведат повеќе енергија во реакција на фузија, процес што се одвива во Сонцето, отколку онаа што е потребна за одржување на процесот, потенцијално голем чекор напред во потрагата по енергија со нула загадување со јаглероден диоксид.
Портпаролот на Одделот за енергетика и ЛЛНЛ изјави дека не може да коментира, но истакна дека американската секретарка за енергетика Џенифер Гранхолм утре „ќе објави голем научен пробив“.
Според него „анализите сè уште е во тек“.
„Вашингтон пост“ повикувајќи се на неименувани две лица, запознаени со истражувањето го потврдиле развојот, а реномиран научник за фузија изјавил за весникот: „За повеќето од нас, ова беше само прашање на време“.
Некои научници нуклеарната фузија, ја сметаат за потенцијална енергија на иднината, особено затоа што произведува занемарлив отпад без издувни гасови.
Фузијата се разликува од фисијата, физички процес што моментално се користи во нуклеарните централи, со спојување на две атомски јадра наместо разделување на едно.
Објектот за фузија ЛЛНЛ се состои од речиси 200 ласери со големина на три фудбалски игралишта, кои бомбардираат мало место со високи нивоа на енергија за да иницираат реакција на фузија.