Сакам да се вљубам во Србин: Цеца Ражнатовиќ откри кога повторно ќе се мажи и го “запали“ Балканот!

Во изминатиов период фолк-дивата Цеца Ражнатовиќ неколку пати ја посети Русија, па се чини нормално фановите да се прашуваат дали можеби пејачката успела таму да си пронајде сродна душа. Таа, пак тврди дека таквите шпекулации не се точни и дека никогаш не би можела да биде во врска со странец. Напротив, како што вели таа, нејзиниот партнер мора да биде Србин, пренесуваат српските медиуми.
– Бев во Москва два-три пати. Не бев кај Путин, туку заради некои други мои работи…, искрено одговара Цеца и додава дека нема намера да се осели од својата земја. Не ја интересираат странци, додава и очекува да се вљуби во некого, но во својата земја. Тврди дека е локал патриот и прашува зошто мора да се вљуби, кога ни вака не и е лошо, за на крај да открие дека и кога би се вљубила не планира да се мажи.
– Не планирам да се мажам, не ми паѓа на ум да го направам тоа повторно. Тоа парче хартија не е пресудно за среќа и емотивна исполнетост, завршува Цеца.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.