Египетската ѕвезда Мохамед Салах со гол и асистенција беше клучен за седма сезонска победа на Ливерпул на „боксинг-деј“, откако „црвените“ со 3-1 славеа кај Астон Вила во Бирмингем во ова 17-то коло во премиерлигашката конкуренција.
Салах после само пет минути даде гол за водство, а половина час потоа во 37-та му асистираше на Вирџил Ван Дијк за да ја дуплира предноста, по што Оли Воткинс ги врати домаќините во мечот со гол во 59-та, но младиот 18-годишен Стефан Бајчетиќ девет минути пред крајот само стави печат на триумфот.
Ливерпул со оваа победа сега дојде до 25 бода и е шестопласиран, со бод помалку и меч повеќе од Манчестер јунајтед кој е петопласиран, а Тотнем кој е последен во зоната за ЛШ со меч повеќе им бега пет бода на „црвените“.