Многу домаќинки ги замрзнуваат остатоците од леб за подоцна да можат да ги искористат. Експертите ја одобруваат оваа постапка, но предупредуваат дека замрзнувањето мора да се направи на правилен начин бидејќи само така ќе ја задржите свежината.
Само вака правилно се замрзнува леб: Генијален трик кој ја чува свежината, а ви требаат само 10 минути
Дали да го исечете лебот или не?
Пред да го ставите лебот во замрзнувач, размислете на кој начин ќе го користите подоцна.
Ако ви треба за сендвич, исечкајте го на парчиња. Остатокот од лебот може да се замрзне како цело парче, освен ако не процените дека ви треба исечен на помали парчиња.
Замрзнување на лебот
Откако ќе го исечете лебот, завиткајте го во чиста пластична фолија. Слободно можете и малку да го притиснете, бидејќи колку помалку воздух ќе има во лебот и во пластичната фолија, толку подобра ќе биде текстурата на лебот кога ќе го одмрзнете.
Потоа, ставете го лебот во пластична кеса. На тој начин, ќе може да „преживее“ во замрзнувачот околу шест месеци.
Одмрзнување
Извадете го лебот од замрзнувачот и оставете го на собна температура неколку часа. Најдобро е тоа да го направите навечер и да го оставите да преноќи.
Кога лебот ќе се одмрзне, ставете го во сад за печење, а потоа во рерна на температура од 170 ᵒC околу 10 минути.