Се случуваат коинциденции, како на пример, два натпревара на една иста селекција во рок од неколку дена да завршат со ист резултат, но на Македонија ѝ се случи куриозитет од повисок степен по 30 минути со Аргентина.
По првото полувреме губиме со 11-18. Ова звучи познато? Веројатно затоа што истиот резултат важеше по првото полувреме и против Норвешка и против Холандија.
Еднаш минус седум е лош ден, вторпат е коинциденција, е третпат тоа се некои виши сили.
Против Холандија ова се преточи во пораз од 10 разлика, со Норвешка -12, но барем тие се селекции што ќе се борат за четврт-финале, можеби и за медал. Кој знае што ни се пишува со Аргентинците.