Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, денеска изјави дека има голема верба во Маркус Рашфорд, за кого смета дека е еден од двајцата најдобри напаѓачи во моментов во светот.
Тој уште од сега најави дека „ѓаволите“ ќе ја искористат опцијата од договорот со англискиот репрезентативец за продолжување на уште една година, со што би го спречиле да си замине без отштета.
„Од првиот момент на моето доаѓање на ‘Олд Трафорд’ видов огромен потенцијал во Маркус. Кога ќе ја добие топката во простор зад противничката одбрана, речиси да нема фудбалер на светот што би можел подобро да ја заврши акцијата. Навистина е тешко да биде сопрен. Само Мбапе во моментов е подобар од него во овој сегмент, бидејќи Рашфорд напредуваше многу“, изјави Тен Хаг.