Само Џеј Ло со совршеното тело може да го облече ова и да биде секс-бомба

Славната пејачка Џенифер Лопез покажа завидна фигура на прагот на својата шеста деценија од животот.
Таа позираше за фоторепортерите пред својот настап во Лас Вегас. Се појави во друштво на своето момче, Алекс Родригез (43), кој носеше розово одело.
Џеј Ло напорно вежба, па не треба да нè чуди нејзината одлична фигура. Кон крајот на месец јули таа го прослави 49 роденден, а како старее таа изгледа сè подобро и подобро.


-Кога ќе ги погледнам моите фотографии кога имав 20 години, помислувам дека денес изгледам многу подобро. Постојано се воодушевувам со својот изглед, убава сум и младолика, рече искрено Џенифер.

На концертот се појави и нејзиното пораншено момче, пејачот Пи Диди со кој Лопез во минатото имаше љубовна романса. Алекс Родригез се запозна со него, додека Лопез му запеа на Диди, ситуација која привлече најголемо внимание.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.