„Само 500 евра? Каков бакшиш е тоа?!“ Келнер бркал богат Италијанец на улица

Еден „богат Италијанец“, како што го опишува „Дејли мејл“, се почувствувал огорчено бидејќи бил бркан од бесен келнер во Сен Тропе, откако му дал „само“ 500 евра бакшиш.

Инцидентот се случил во еден ресторан, чие име сѐ уште не е откриено, а келнерот наводно го бркал сè до паркингот на гламурозното одморалиште на француската ривиера, жалејќи се дека тоа „не е доволно“.

Тој му рекол да се врати внатре и да плати уште 500 евра за да ја достигне „минималната“ сума на бакшиш од 1.000 евра, јавуваат локалните медиуми.
„Тој мислеше дека испадна дарежлив со тоа што остави бакшиш од 500 евра, а наместо тоа беше прогонуван. Келнерот му рекол дека тоа не е доволно, дека треба малку да се потруди и да остави 1.000 евра, бидејќи тоа било близу 20 отсто од вкупната сума на неговата сметка“, рекол пријател на ужаснатиот Италијанец.

Италијанецот бил толку навреден од инцидентот што, наводно, му рекол на својот пријател дека никогаш повеќе не сака да стапне во Сен Тропе.
Незадоволството од Сен Тропе е актуелно меѓу туристите веќе некое време, а некои споделуваат приказни за тоа како некои ресторани побарале од нив да потрошат минимум 1.500 евра, додека во другите делови на француската ривиера се очекува клиентите да потрошат најмалку 10.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.