Снимањето на серијата „And Just Like That“ е во тек, а фановите нетрпеливо чекаат да видат што се случува во животот на нивните омилени ликови.
Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер, привлекува големо внимание поради нејзиниот љубовен живот, но позната е и по нејзините комбинации.
За време на вчерашното снимање, Сара привлекла големо внимание на улиците во Њујорк, а сето тоа поради облеката што ја носела.
Кери, ликот кој го игра Сара, носи смели стајлинзи кои ретко кој би можел да ги износи.
Па така, таа вчера облекла предимензионирана комбинација која ги освои срцата на многумина.
Таа носела сина кошула-фустан и виолетова тренирка, која ја ставила во бели светкави чизми.
Иако ретко кој би имал храброст да облече тренирка со овие чизми, Сара не застанала тука – носела и бело-сив кардиган на кој има светки.
За време на оваа прошетка во Њујорк, Кери не била сама, со неа било и нејзиното поранешно момче Ејдан, кој, судејќи по фотографиите, повторно е нејзина љубов.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.