Саркофагот на Свети Никола пронајден во Турција?!

За време на ископувањето и реставрацијата на територијата на црквата Свети Никола во турскиот град Демре, кој гледа кон Средоземното Море, спроти Кипар, археолозите откриле саркофаг од варовник за кој се верува дека му припаѓа на Свети Никола, познат и како Николај Чудотворец.

Сега треба да се почека крајот на ископувањата во областа каде што е откриен саркофагот и да се споредат сите добиени научни податоци за да се извлече конечен заклучок кому му припаѓа“, изјави турскиот заменик-министер за култура и туризам, Гохан Јазги.

Турскиот заменик-министер нагласи дека реставраторските работи во областа првпат биле иницирани од руски археолози во 19 век, а се спроведуваат под покровителство на турското Министерство за култура и туризам од 1989 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.