Имено, Роналдо и Џорџина не се во брак, а во Саудиска Арабија не е дозволено невенчана двојка да живее заедно.
Сепак, арапската држава беше принудена да даде ослободување за Роналдо и Џорџина, бидејќи Португалецот е глобално популарна ѕвезда и навивачите ентузијастички и во голем број го пречекаа во Ријад.
Законот до пред неколку дена не дозволуваше соживот, но брачната состојба на Кристијано Роналдо ја принуди саудиската држава да го промени законот само за него и неговата свршеница.
Роналдо со саудискиот фудбалски гигант потпиша договор до летото 2025 година, а во Ријад ќе заработи вистинско богатство и се очекува во иднина да биде еден од промоторите на Саудиска Арабија во светот.
Основната плата на Роналдо во Ал-Наср ќе биде околу 70 милиони евра, но заедно со бонусите и спонзорските договори Португалецот ќе заработува 200 милиони евра годишно или 500 милиони за целиот договор.