А се фалеше другар ми: Еј моето дете со одделението за екскурзија одат во Колумбија и Мексико. Башка екскурзијата бесплатна. Гратис од дечките, незванични дистрибутери на билки од Лос Зетас во Мексико. Викам баш е кууул, а не нашиве деца во Претор ги носат. Демоде.
И се нервирав. Одев во школо и прашував, а бе зошто вие исто не организирате екскурзија до Медељин, Синалоа, Кали, од други школи таму ги носат.
Е па сега излезе учителката била дилер на дрога. Боже мој. Кој живее денес од плата? Дилала вон работното време молим лепо.
Сепак не дилала дрога на час по географија. И за тоа мора јавно да се пофали.
Ама ќе речете. Не сери, дилер на дрога, а учителка, не бива.
А јас што знам барем три даскалки денес кои се правеа таратајка за 500 евра пред 15 години во Александар Палас. Прашајте ги тајкуните наши. Комиње им ги правеа сливите.
Ова се модерни времиња.
Денешниве даскали мора,да ги спремаат децата за суровиот живот вон училишните клупи, што значи, дрога насилство, секс, пари провод. А за да ги учиш на тоа мора да пробаш за да предаваш. Инаку си демагог, а не педагог.
И не паѓате у несвест ако утре фатат учителка која работела вон работното време како платен убиец на нарко картелот во Кали.
Тоа се учителите во една модерна држава аспирант за ЕУ. Учителките во мое време беа досадни бе. Со маж дома две деца, облечени како калуѓерки, ни ноџе да видиш ни деколте. Ништо. И ни збореа глупости, за морал за чесност, за правдиљубие. Ужас.
Затоа сме вакви затуцани денес..
Ништо не разбираме. Ни педери ни дилери ни турбофолк, ни калаштури за 500 евра.
Ослободете ја учителката и сите топтан на екскурзија во Колумбија. Ама доживотна. Децава додека ни дилаат ние ќе џвакаме листови кока и ќе гледаме у зајдисонцето.