Сашо Тасевски останува на чело на Биро за јавна безбедност на МВР, одлучи Владата
Министерот Оливер Спасовски предложи, а Валдата прифати Сашо Тасевски да биде именуван за директор на Бирото за јавна безбедност. Тој доби нов 4 годишен мандат.
На денешната седница на Владата го предложив досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, за нов четиригодишен мандат, при што предлогот беше едногласно усвоен.
Многу е важно во секој момент да ги имаме вистинските луѓе на вистински места, одговорни и чесни луѓе кои доверената раководна позиција ја извршуваат со сериозна одговорност пред граѓаните и државата.
Му посакувам на Тасевски да продолжи со раководењето со БЈБ како и до сега, со успешни резултати во намалување на криминалот и враќањето на довербата на граѓаните во македонската полиција, објави Спасовски на својот фејсбук-профил.