Сведок Митре Лазаров денеска во Кривичниот суд сведочеше за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Лазаров е брат на починатиот дедо на Вања, тој го потенцираше чудното однесување на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Прашања на обвинителството до Митре Лазаров:
О – што ви е вас Зорица?
м – внука од брат
о – кој ве извести за настанот со Вања?
м – Ме извести Зориза, рече ми ја нема Вања
О – што направивте вие
м- ја прашав како ја нема, рече последниот сигнал од телефонот бил кај Силбо, а јас у близина живеам и отидов со точакот да барам
о – таму бараше ли некој друг?
м – ја видов таму колата на Сашо
о – каде беше Сашо (александар?)
м – беше во кола, имаше со него полицаец еден, го прашав што е работата рече ако е утепана Вања, ќе се утепам и јас
о – бараше ли некаде александар?
м – не искочи он од колата после си замина со колата
о – вие продолживте да барате?
м – да, вртев тука крувоги
о – ви беше ли чудно однесувањето на Сашо?
м – чудно ми беше, си отиде
о – после тоа се видовте ли во текот на денот со Сашо?
м – во текот на денот бевме во станот на Зорица, таму се видовме и после веќе не
о – зорица од кога живееше во тој стан?
м – летото го реновираше, јас ѝ помагав, децата сакале таму да живеам, од една собра две направивме за децата
0 – тој стан беше сопственост на зорица?
м – јас цело време знам дека е на зорица
о – ги баравте ли камерите?
м – не јас со точакот бев низ скопје
о – ве праша ли александар нешто дали најдовте?
м – не, ние баравме тука него го снема