Сведоштво на помошник началник за убиството на Вања: Таткото од првиот ден цело време тврдеше дека е киднапирана и убиена!

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжува денеска во Кривичниот суд во Скопје. Во моментов пред судот сведочи полицискиот службеник Музафер Каишиќ поранешен помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.

Музафер Каишиќ:

Обвинител: Повикани сте во оваа постапка како сведок на Обвинителството, кажавте дека сте на отворено боледување, дали сте добро?

– Да, имам кардиолошки проблеми, можам да сведочам.

О – Каде работевте во времето кога се случи настанот

– Помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи, значи под мои директни ингеренции беа четири единици на полицијата. До пред три месеци бев на таа позиција.

О – кога почнавте да преземате дејствија во однос на настанот со Вања?

– Во моментот кога имаше пријава за исчезнато девојче јас бев информиран, бев известен дека има исчезнување на девојче, тогаш бев со добиени ингеренции од началникот да ги координирам службите. Стапив во контакт со ПС Центар, ме избрифираа дека има таков настан и се преземени сите мерки и дејствија по однос на пријавата

О – кога се работи за исчезнато лице какви дејствија се преземаат

– СВР Скопје функционира поделено на подрачни станици, секоја станица има полициски службеници кои го примаат записникот и овластени инстектори кои го работат тоа. Поради сензитивноста и сето она што се случуваше тие денови, се вклучи и единицата за насилен криминал. Се преземаа мерки и дејствија од инспекторите.

О – откако сте известени, понатаму какви дејствија преземавте?

– Веднаш свикавме состанок и се вклучивме, мислам дека беше касно ноќта, се што е преземено, што се презема и што ќе се презема, се вклучивме ние како старешини бидејќи до крајот на денот тоа тргна во друг правец, девојчето го немаше.

О – кога се запознавте со родителите на Вања?

– првата средба беше ов просториите на ПС Центар, во доцните ноќни часови заедно со двајца началници за да се вклучиме во работата и да ни кажат што има и како има да се помогне во потрагата по девојчето

О – какво беше однесувањето на обвинетиот Александар Ѓорчевски во тој момент?

– Во тој момент се запознавме со родителите, мајката беше многу поприбрана, посталожена. Првиот впечаток, однесувањето (на Александар) беше чудно, беше конфузен, потиштен во многу изјави и многу работи кои го прашувавме.

О – Преземавте ли конкретни дејствија со него во насока на пронаоѓање на Вања?

– Како што почнаа разговорите, тоа беше момент кога родителите и семејствата на родителите беа присутни пред ПС Беко, тогаш се бараше помош, да се вклучиме да се изврши пребарување на теренот. Сите полициски службеници, цел старешински кадар беше вклучен во овие дејствија. Пробавме да ги поделиме работите, тогаш инсистираше Александар да не седиме, да го бараме девојчево. Јас се понудив, некој требаше да остане со мајката на девојчето, јас понудив да отидеме заедно и јас да бидам тој што ќе разговара со таткото, Дејан остана со мајката. Се понуди една роднина од страна на мајката да дојде со нас, јас кажав, јас ќе бидам тој што ќе оди на терен да го работи тој случај.

Адвокат на Палевски : Приговарам на последните прашања, на вакви прашања сведокот не може да одговара, што сработил сведокот има кривична пријава и обвинителен акт

Судија: Не се прифаќа приговорот

О – каде тргнавте да барате, на која локација со Александар?

– Се договоривме со едно лице, роднина на Зорица, мајката кажа дека има стан во Капиштец, но дека нема клучеви од тој стан, клучевите се кај Александар. Јас се понудив да одам во станот со уште една роднина, во тој момент Александар бараше да се бара девојчето, но кога кажавме дека ќе одиме рече џабе ќе одите веќе бев таму, но јас инсистирав да одиме таму, нема што да изгубиме. Се качивме, Александар со негово возило, ние позади, влеговме во станот во Капиштец, се качивме со лифт, станот го отвори уредно Александар, побаравме да не има нешто останато, но цело време Александар велеше дека си го губиме времето дека ќерка му е киднапирана, дека е убиена, да преземеме нешто. Побаравме и во подрумските простории, немаше ништо, се вративме во возилото, за понатаму да бараме прашав кој дел не е поминат, кажаа дека не е Капиштец пребаран. Заедно со роднината на Зорица рековме да го побараме Капиштец, таму има голем парк.

Александар цело време велеше дека џабе одиме, џабе бараме, ама ајде ќе одиме. Стасавме на еден од паркинзите, тој остана во возилото, запали цигара, не искочи со нас. Јас заедно со роднината го пребаравме цел парк, пробавме да видиме да не има некоја просторија, скривница отворена, меѓутоа тогаш се запрашавме зошто не искача од возило, дури и роднината праша зошто тој не сака да бара. Не можевме во тој момент да анализираме, се вративме, тогаш јас го прашав бидејќи не искочи да го бара девојчето, зошто, а тој рече џабе бараме таа е киднапирана и убиена.

Некој даде предлог да се пребара средно Водно, се качувме, да не повторувам цело време велеше ајде да го бараме, а цело време велеше џабе бараме. И на средно Водно остана во возилото, излеговме, се што можевме да пребараме, пребаравме, коментираше роднината зошто не излегув ачовекот, влеговме во дворот на црквата, не беше таму и на крајот се вративме кај возилото и се упативме повторно назад во просториите на ПС Центар кадешто беа останатите старешини и мајката.

О – велите Александар истите зборови ги констатира, наведуваше ли некоја причина зошто така мисли?

– Не наведе некоја конкретна причина, претходно разговаравме, го прашувавме дали некој му се заканувал, дали должи пари, дали е некој функционер дали е било што за да смета дека некој може да му го киднапира и убие детето. Мајката беше умерена, ја прашавме дали секогаш е ваков, немаше и таа некое објаснување зошто зборува така. Ја прашавме и мајката дали има закани, долгови итн, рече дека нема.

О – рековте дека после водно сте се вратиле во станицата за да се видите со останатите колеги? Какви дејствија понатаму преземавте?

– По пребарувањето на Водно се вративме во ПС Центар, другите роднини кажаа дека вршеле пребарувања и тие. Продолживме и понатаму да разговараме со Александар во врска со нивната ќерка, не знам колку време траеше, после тоа секој си замина дома.

О – како комуницирате понатаму со Александар Ѓорчевски?

– Кога се случи тоа, кога се запознавме и јас тргнав со него, разменивме телефони, кажавме дека се што ќе добијат корисно во интерес на нивното девојче, да ни се јават веднаш на нас за да го споделиме со другите служби, така беше мојот контакт со него.

О – како ве известуваше Александар во однос на тоа какви информации има?

– Александар ми се јавуваше на телефонскиот број, имавме мислам дека само уште едно видување со него, но ми се јавуваше, ми праќаше пораки, слики итн, но беше упорен дека девојчето е убиено.

О – други лица кои беа вклучени во потрагата по Вања, конкретно лицето Гоце Трајковски?

– Ми се јави Александар, бараше средба со мене, кога побара средба дај да се видиме, дојди молим те побрзо, дојде со уште едно лице кое ми се претстави дека е Гоце. Помладо лице околу 40тина години, првпат го видов тоа лице, разговорот траеше десетина минути, мислев дека нешто има да ми каже но повеќе ми збореше Гоце отколку Александар. Некако Александар истата теза ја водеше, да се обратиме до некои мафијаши, групи, убиена е сто посто, дури Гоце велеше остај го параноичен е. Јас го прашав Александар кој е човекот, рече дека е пријател имале старо кумство, 20 години се немаме видено, штом му пишав дојде. Кажа дека се заедно, дека бараат снимки, повеќе ги интересираше што имаме ние како МВР отколку дека имаат нешто корисно тие.

О – конкретно, какви пораки ви беа пратени од Александар Ѓорчевски и Гоце Трајковски?

– Може нешто ќе измешам, меѓутоа беа снимки од камери кои ние ги имавме но јас тоа не го кажував, како ги прибрале не знам, се сеќавам Александар ми испрати една снимка спроти влезот на зградата кадешто е киднапирана Вања, имаше фонтана и слика дека има камера на објектот и гледа право во влезот. Тоа беше нешто поспецифично.

О – отидовте ли во тој објект?

– Отидовме до самиот објект, беше спроти влезот кадешто беше грабнато девојчето и камерата гледаше точно во влезот, Александар се понуди да ги обезбеди снимките. Стапивме во контакт со некој газда, кажа дека друго лице е одговорно, стапивме во контакт со него и се согласи да дојде. Кога пристигна лицето ние бевме со началникот Дејан и уште еден инспектор кој се разбира од компјутери нешто повеќе, лицето виде дека нема струја, рече претходно се е во ред биле претходниот ден, сврте околу објектот и рече кабелот е исечен, но ни даде се што можеше.

Пронајдете не на следниве мрежи: