СВЕТОТ ВО ШОК – кралицата Елизабета втора не починала од природна старост, пеколната болест траела прекратко

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска. Таа имаше 96 години.
Уверението за смртта на кралицата пред два месеци го објави Шкотскиот национален регистар. Елизабета Александра Мери Виндзор беше најдолговечниот британски владетел и најстариот монарх во светот. На почетокот на оваа година таа прослави седумдесет години на тронот.

Кралицата почина од старост, објави „BBC“, повикувајќи се на потврдата за смртта на монархот. Според уверението кралицата починала во 15:10 часот по британско време во замокот Балморал во Шкотска на 8 септември. Документот го потпишала нејзината ќерка, принцезата Ана.
Со објавувањето на биографска книга „Елизабет: интимен портрет“ на телевизискиот водителот Гилс Брандрет, светските медиуми пласираа „нови вистина“ за причината за смртта на кралицата.

Британската кралица во последните месеци од животот се борела со мултипен миелом, кој се карактеризира со оштетување на коскената срцевина, објави весникот „Independent“ повикувајќи се на новата книга на телевизискиот водителот Гилс Брандрет.
Гилс беше пријател на сопругот на покојната кралица Филип.

Според потврдата за смртта објавена од шкотскиот архив, причината за смртта на Елизабета Втора била староста.

СВЕТОТ ВО ШОК – кралицата Елизабета втора не починала од природна старост, пеколната болест траела прекратко


„Слушнав дека кралицата има некаква форма на миелом – рак на коскената срцевина – што ќе го објасни нејзиниот замор, губење на тежината и „проблеми со движењето“ за кои честопати ни кажуваа во последната година од животот“, напиша Брандрет во нова неговата биографска книга „Елизабет: интимен портрет“.

Брандрет истакнал дека најчест симптом на миелом е болката во коските, особено во карлицата и долниот дел на грбот, а постарите луѓе често страдаат од мултипен миелом.
Кралицата Елизабета Втора , која владееше со земјата повеќе од 70 години, почина на 8 септември во Шкотска на 96-годишна возраст. Нејзиниот најстар син принцот Чарлс стана крал, земајќи го името Чарлс III, а неговата сопруга Камила доби статус на сопруга на кралот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.