Претседателот на Светскиот еврејски конгрес Роналд Лодер му го честита изборот на папата Франсиск Први за челник на Римокатоличката црква, веднаш по неговиот избор во средата навечер, додека американскиот претседател Барак Обама оцени дека изборот на аргентинскиот кардинал Хорхе Марио Бергољо зборува за виталноста на Јужна Америка којашто станува се` поважна.„Папата Франсиск Први за нас не е странец. Последните години учествуваше на многу меѓуверски настани на кои коорганизатор беше Светскиот еврејски конгрес и нашата регионална членка, Латиноамериканскиот еврејски конгрес“, напиша во честитката челникот Роналд Лодер, додавајќи дека со новиот папа се сретнал во Буенос Аирес, додека овој уште беше кардиналот Хорхе Марио Бергољо.Лодер го фали новиот папа како „искусен човек, некој кој е познат по својата отвореност… човек на дијалогот, човек кој е подготвен да гради мостови со другите вери“.„Се радуваме на продолжувањето на блиските односи меѓу Католичката црква и Евреите во последните две децении“, напиша претседателот на Светскиот еврејски конгрес.Изразувајќи се многу пофално за заслугите на папите Јован Павле Втори и Бенедикт Шеснаесетти за католичко-еврејските односи. Лодер изрази очекување дека новиот папа ќе продолжи по нивниот пат.„Убедени сме дека новиот понтефекс ќе продолжи по тој пат, дека ќе си осудува сите облици на антисемитизам во и надвор од Католичката црква, дека ќе дејствува против свештениците кои го негираат или минимизираат холокаустот и дека ќе ги зајакне односите меѓу Ватикан и Израел“ порача првиот човек на Светскиот еврејски конгрес веднаш по изборот на новиот папа.Од своја страна, американскиот претседател Барак Обама новиот папа го нарече „заштитник на сиромашните и најранливите меѓу нас“.„Изборот на првиот папа од Америка зборува и за силата и виталноста на регионот кој се` повеќе го обликува нашиот свет и заедно со милионите хиспаноамериканци, ние во САД ја споделуваме радоста во овој историски дена“, порача Обама.„Пред Американците, јас и Мишел упатуваме најубави желби за неговата светост Франсиск Први. Како заштитник на сиромашните и најранливите со себе ја носи пораката на љубов и сочувствата која го вдахнува светот повеќе до две илјади години“, се наведува во пораката на американскиот претседател.Според најавите од администрацијата на претседателот Обама, делегацијата на САД на церемонијата со којашто во Ватикан ќе биде одбележано стапување на новиот папа на чело на Римокатоличката црква ќе ја предводи потпретседателот Џозеф Бајден.Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун изрази надеж дека новиот папа Франсиск Први ќе помогне во развивањето на „Алијансата на цивилизациите“, за изградба на меѓусебното разбирање меѓу луѓето од различни религии.„Алијансата на цивилизациите“ движење основано во 2005 година на иницијатива на тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, со учество на премиерите на Шпанија и на Турција за да се спречи поларизација во светот, го има статусот на „политичка иницијатива на генералниот секретар на ОН“. Таа има цел да го поддржи дијалогот меѓу културите, како и соработка и на владино и на општествено ниво.„Ние споделуваме многу заеднички цели, од содејство и промовирање на миирот, социјалната справедливост и човековите права, до искоренување на сиромаштијата и гладта, односно во сите клучни елементи на прогресивниот развој“, изјави во средата навечер во седиштето на светската организација, нејзиниот челник.Како што вели Бан Ки-Мун, тој е убеден дека папата Франсис Први, како и неговиот претходник, папата Бенедикт XVI, ќе продолжи да го промовира меѓуверскиот дијалог, што е основа на „Алијансата на цивилизациите“.
МакфаксПретседателот на Светскиот еврејски конгрес Роналд Лодер му го честита изборот на папата Франсиск Први за челник на Ри