Во понеделник на 20 ти мај во 19:30 часот во Драмскиот Театар Скопје, ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година.
Овогодишен лауреат е Лидија Димковска со нејзиниот роман „Единствен матичен број“.
Како дел од настанот ќе биде отворена изложба на книгите на досегашните лауреати, за музичкиот дел ќе биде задолжен Гоце Стевковски бенд.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.