Свечено отворен новиот дом на ФФМ

Куќата на фудбалот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во петокот, беше отворена во Ново Лисиче, во скопската општина Аердором.

Новиот дом на ФФМ го отворија претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, првиот човек на ФФМ Илчо Ѓеоргиевски и претседателот на УЕФА Мишел Платини. Во склоп на новата зграда на ФФМ се наоѓаат четири фудбалски терени (два се со вештачка и два со природна трева), на кои ќе тренираат националните селекции. Дел од овој центар е и стадион со капацитет од 3.000 седишта. „Ова е само почеток на еден стратешки центар на фудбалот. Нашата цел е создавањето, создадовме дом на фудбалот, за да креираме подобри услови, за да подигнеме нови стандарди, со ова се надеваме дека ќе создадеме нови вљубеници во спортот, нов страствени љубители на фудбалот и конечно нови резултати со кои ќе можеме да испишеме нова фудбалска историја во земјата. Да создадеме нови генерации на победници“, рече првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиевски. Претседателот на УЕФА, Мишел Платини во своето обраќање, меѓудругото рече дека е среќен што е повторно во Македонија, што во Скопје се наоѓа меѓу пријатели. Тој истакна дека е среќен што проектот Куќа на фудбалот е успешно реализиран. Платни кој ќе биде присутен и на натпреварот помеѓу Македонија и Белгија рече дека ќе биде неутрален како Швајцарска, односно дека нема да навива за никого на квалификацискиот натпревар. Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во своето обраќање нагласи дека Куќата на фудбалот е дел од големите вложувања во спортот. „Оваа спортска инвестиција ќе им зборува на идните генерации за вложувањата и грижата на Владата за фудбалот и спортот воопшто“, рече премиерот Груевски. Куќата на фудбалот е изградена со средства на УЕФА и ФИФА и на Владата на Република Македонија, градот Скопје и општина Аеродром.
Макфакс
Куќата на фудбалот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во петокот, беше отворена во

Пронајдете не на следниве мрежи: