СДСМ бара комисиска расправа за директорот на АНБ – Петровска: По оставката на Комисијата за помилување ќе има и друга оставка

 СДСМ бара отворена седница на собраниската Комисијата за надзор над АНБ на која ќе присуствува и директорот на Агенцијата Бојан Христовски. Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска постави неколку прашања за првиот човек на АНБ. После оставката од членовите на Комисијата за помилување кои беа наместени од структури на ВМРО-ДПМНЕ треба да следи уште една оставка, рече Петровска.

„Каде бил Бојан Христовски на денот на полагањето? Каде престојувал дента или неколку дена пред датумот на полагањето, но и многу други поврзани со неговите сегашни активности во Агенцијата. Како на пример што тој знае за скандалозните помилувања? Денес ќе поднесеме иницијатива до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР за свикување на седница на која ќе биде поканет директорот на Агенцијата и ќе даде одговор на овие но и на други прашања“, вели Славјанка Петровска.

Државата никогаш не им била важна, само власта, истакна Петровска која додаде дека тоа е голем срам и понижување и за државата и за професионалците кои работат во областа на безбедноста.

Пронајдете не на следниве мрежи: