Најбројната опозициска партија во Македонија, СДСМ во недостаток на нови кадри и идеи постојано се навраќа на стари и веќе одговорени прашања. Од партијата вчера преку писмено соопштение излезе тврдењето дека премиерот Никола Груевски во 2008 година прифатил промена на името, а за ова веќе одамна имаше демант од самиот премиер.
Груевски уште во февруари 2011 година на оваа тема изјави: „Пред Букурешт, тука во Скопје ни беше понудена опција од Нимиц, односно конкретен предлог. А, тоа беше името Република Македонија(Скопје). И ни беше кажано дека тоа е последен предлог пред Самитот и дека треба да се изјасниме. Ние одлучивме да се изјасниме, да го прифатиме, да го ставиме на референдум. Ние одговоривме дека немаме мандат, ниту јас како премиер, ниту Владата нема мандат пред граѓаните самата да донесе одлука дали тоа е потребно или не.“
Потоа, во мај 2012 година, пратеникот на СДСМ Јани Макрадули повторно го постави истото прашање и го набеди премиерот дека го прифатил предлогот на Нимиц. На тоа Никола Груевски изјави дека со оглед на тоа дека Грција не го прифатила предлогот, тој не бил ставен на референдум. Тоа не значело прифаќање, туку согласност да им се даде можност на граѓаните да се изјаснат дали предлогот им се допаѓа или не пред самитот на НАТО во Букурешт.
И по овој конкретен одговор на премиерот во 2013 година СДСМ повторно го постави истото прашање, поточно вчера повторно обвини дека Груевски прифатил промена на името, а не смеел. Најбројната опозициска партија во Македонија, СДСМ во недостаток на нови кадри и идеи постојано се навраќа на стари и