„Мицкоски бадијала се крсти во коалицијата со Левица, на изборите наредната 2024 година антиевропскот блок на ДПМНЕ и Левица на купче ги чека пораз од граѓаните“ соопштија доцна вечерва од владејачката СДСМ.
- Саша Ковачевиќ со бесплатен концерт за првата роденденска забава
- Трудо останува премиер на Канада – парламентот повторно му изгласа доверба и покрај обвинувањата за поскапувањето и криминалот во земјата
- (Видео) Ердоган: По Либан и Газа, Изpаел ќе ја нападне Турција
- Намирници кои ги исфрлаат вишокот течности од организмот и го регулираат крвниот притисок
- Експлозија кај Израелската амбасада во Стокхолм
Оттаму велат дека „проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе победи на изборите и претседателскиот кандидат предложен од СДСМ ќе биде претседател на државата.
По изборите СДСМ повторно ќе ја формира проевропската коалициска Влада и премиер повторно ќе биде Димитар Ковачевски“.
„Граѓаните не сакаат изолација, нови иселувања на младите, стагнација и неизвесност. Граѓаните сакаат членство во ЕУ, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина. Победата на проевропскиот блок предводен од СДСМ тоа ќе го обезбеди, ќе ја води земјата до полноправно членство во ЕУ“ се вели во партискиот став.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.