СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори за средбите со Палевски

Од СДСМ порачуваат Христијан Мицкоски да не молчи за средните со Палевски, туку да излезе пред граѓаните и да одговори, што се договарале.

„Палевски, кој е осомничен за двојното убиство што ја потресе целата македонска јавност, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ и јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

(Видео) Премиере, еве како да го вратиш името – Сајбер Команда со Филип Петровски вечерва во 21.30!
Како да се врати името и многу други прашања се тема на денешната Сајбер Команда со Филип Петровски. Не пропуштајте ја денепната епизода на Сајбер Команда во 21.30 часот на Јутјуб и Фејсбук каналите …
Франција има нова влада по неколкунеделната политичка неизвесност
Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена од премиерот Мишел Барние, соопшти неговиот кабинет, обележана со поместување надесно 11 недели по неубедливите парламентарни избори. Првата голема задача за Барние, назначен пред нешто повеќе од …

Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии.

Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении.

Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.

Беа и дел од насилните протести против францускиот предлог и поставуваа гилотина пред Собранието.

Надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници, вклучително и Мицкоски“, велат од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.