СДСМ: Со Пендаровски граѓаните добиваат членство во ЕУ

Со Пендаровски граѓаните добиваат членство во ЕУ, со Силјановска изолација и враќање назад. Тоа е изборот што им се нуди на граѓаните на претстојните претседателски избори. Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре. Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања, кои никогаш не ги остварува, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди и сметаат дека на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

Пронајдете не на следниве мрежи: