Северина редовно тренира и на тоа и ја должи својата совршена фигура, но успехот не би бил можен без здрава исхрана.
Во еден период имала 7 килограми вишок, од кои се ослободила со коригирање на менито.
„Сакам да јадам, па се дебелеам, но потоа не се чувствувам добро и немам доволно енергија. Кога се здебелив седум килограми, ја коригирав исхраната. Се одлучив за пет помали оброци и полчасовна прошетка“, изјави таа за Informer.rs.
Ова ѝ помогнало да стигне од 63 килограми на 56.
„Обожавам овошје и зеленчук, па во последно време јадам само тоа. Штом станам пијам смути, во кое ставам моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини и бадемово млеко. Понекогаш и банани за да го направам погусто.Тој оброк навистина ме заситува, па не сум гладна до ручек“, рекла таа.
Кога станува збор за тренинзите, Северина посетува теретана еднаш неделно, освен кога се подготвува за турнеја – тогаш таму ќе ја најдете три до четири пати неделно.
„Вежбам рамномерно и го оптеретувам целото тело, а за совршен задник правам чучњеви. На сите жени би им препорачала да прават по 100 чучњеви дневно и модната писта е нивна”, додаде Северина.