Седумдесет мртви, 50 повредени во пожар во Дака, Бангладеш

Најмалку 70 лица загинаа, а 50 се повредени во пожар што избувна во станбена населба во Дака, главниот град на Бангладеш, објавија денеска официјални лица. Пожарникарите, по деветчасовна битка со огнот, успеаја да го стават под контрола, јави ТВ “Сител“.
Пожарот избувна синоќа во местото Чавкбазар, во стариот дел на Дака, каде што во приземјето на повеќе згради има продавници, ресторани и магацини. Се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголемува.Пожарот избувнал во една четирикатна зграда и брзо се проширил на други објекти.
– Досега се пронајдени тела на 70 лица. Бројот на жртвите може да биде уште поголем, потрагата продолжува, изјави шефот на одделот за противпожарна заштита и цивилна одбрана, Џулфикар Рахман.
Тој додаде дека причината за пожарот е непозната, а истрагата е во тек. Во гаснење на пожарот беа ангажирани околу 200 пожарникари.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.