Најмалку седум лица загинаа, а 40 други се повредени во напад со украинско беспилотно летало во руската погранична област Белгород, соопштија денеска локалните власти.„Во моментов има информации за седум загинати вработени во фармите Грајворонски и Борисов“, изјавија од прес-службата на групацијата компании ГК Агро-Белогорје за руската државна новинска агенција ТАСС.Според гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, два автобуса и патнички автомобил што превезувале луѓе на работа биле нападнати со беспилотни летала во близина на селото Березовка во областа Борисовски во регионот.Тој рече дека меѓу повредените има две деца со површни повреди, додека на маж со продорна абдоминална рана му е извршена операција.Останатите, додаде тој, кои се здобиле со рани од шрапнели со различна тежина, со брза помош биле пренесени во регионалните медицински установи.Заменик-министерот за здравство Алексеј Кузњецов изјави за новинарите дека бројот на повредени се искачил на 40, од кои 30 се хоспитализирани, додека 10 добиле амбулантна медицинска помош.Истражниот комитет започна истрага за инцидентот.
Пронајдете не на следниве мрежи: