Седумнаесет загинати во поплави во Иран

Како што објави денес иранската државна телевизија најмалку 17 лица загинаа, а 74 се повредени во поплавите кои ги зафатија јужните делови на Иран. Повеќето загинати се обидувале со телефон да ги снимат поплавите кои се предизвикани од поројниот дожд во близина на градот Шираз, соопшти иранската телевизија.
Погодени се провинциите Фарс, Курдистан, Ком и Исфахан, а можно е поплава да го зафатати и главниот град Техеран. Гувернерот на провинцијата Фарс истакна дека поплавите се ставени под контрола, но ги повика граѓаните да останат во своите домови.

Пронајдете не на следниве мрежи: