СЕДУМ ПОЧИНАТИ И УШТЕ 175 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, В БОЛНИЦА СЕ ЛЕКУВААТ 597 БОЛНИ

Од направени 1.733 тестирања во изминативе 24 часа регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19. Починати се 7 лица, а оздравени 365. Починати се 2 пациенти од Скопје (85 и 43), и по еден од Охрид (83), Штип (79), Тетово (67), Берово (80) и Велес (74). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Новите случаи според градови се во : Скопје – 90, Кавадарци – 15, Тетово – 11, Куманово – 7, Охрид – 6, Кратово – 6, Дебар – 5, Гостивар – 4, Прилеп – 4, Струмица – 4, Ресен – 4, Велес – 3, Струга – 3, Битола – 2, Гевгелија – 2, Виница – 2, Штип – 1, Берово – 1, Кичево – 1, Неготино – 1, Делчево – 1, Крушево – 1, Свети Николе – 1.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 263 лица. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 84 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. Во Ковид-центарот на Кожната клиника се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на коронавирусот.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Направените 1.733 теста се преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-68, Авицена-204, Биотек-159, Жан Митрев (Филип Втори)-99, Систина-182, лабораторија Лаор–283, МАНУ-64, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -2, ГАК-0, Синлаб-13, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 196, УК Пулмологија со алергологија–0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 456.341 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.693, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи изнесува 8.157.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:


• Скопје 40.414, активни 4.249
• Куманово 5.200, активни 365
• Тетово 5.114, активни 323
• Прилеп 4.561, активни 162
• Гостивар 3.624, активни 203
• Штип 3.502, активни 121
• Битола 3.231, активни 171
• Велес 3.100, активни 261
• Охрид 2.820, активни 371
• Кавадарци 2.604, активни 341
• Струмица 2.535, активни 262
• Струга 2.214, активни 159
• Кочани 1.722, активни 70
• Кичево 1.719, активни 127
• Свети Николе 1.080, активни 35
• Гевгелија 995, активни 102
• Неготино 966, активни 85
• Дебар 766, активни 93
• Ресен 742, активни 99
• Крива Паланка 724, активни 42
• Радовиш 707, активни 51
• Делчево 619, активни 178
• Берово 594, активни 41
• Пробиштип 507, активни 37
• Виница 491, активни 31
• Валандово 325, активни 11
• Македонски Брод 246, активни 12
• Демир Хисар 244, активни 6
• Кратово 230, активни 25
• Богданци 225, активни 25
• Крушево 208, активни 26
• Демир Капија 207, активни 39
• Македонска Каменица 190, активни 17
• Пехчево 183, активни 11
• Дојран 84, активни 6

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.