Секогаш можете да сметате на нив: Овие хороскопски знаци остануваат со вас и во добро и во зло

Сепак, не секој во себе има нешто од тоа бидејќи, како што тврдат астролозите, хороскопскиот знак игра голема улогa, а само 4 знаци се одговорни и лојални во голема мера.

Стабилност, скромност, лојалност, разбирање… Многумина ќе се сложат дека ова се само некои од најдобрите особини кои можеме да ги пронајдеме во пријател или партнер.

Еве за кои знаци на Зодијакот станува збор:

Автомобили завршија во море поради обилните врнежи на Сицилија
Автомобилите беа однесени од поројна вода во близина на градот Рипостo на источниот брег, соопшти локалната противпожарна служба. Според првичните извештаи нема повредени, а станува збор само за паркирани автомобили. …
Таа е новата Ријана: Тајла освои три награди на MTV EMA наградите и влезе во историјата на 22 години (фото)
За кратко време таа успеа да влезе во историјата како прва африканска пејачка која освоила три награди во една вечер на MTV EMA (European Music Awards).Младата поп и R’n’B ѕвезда, …

Рак

Скромни, цврсто со нозете на земја и приспособливи! Искрените Ракови се многу добри пријатели бидејќи сè ќе ви кажат во лице, но внимателно. Никогаш не глумат дека се среќни, па така ни во односите.

Јарец

Одговорноста е една од главните особини кои ги носат луѓето родени во овој знак, а освен тоа тие се мудри и многу трпеливи. Секогаш размислуваат рационално и не ги осудуваат другите. Тие се добри пријатели бидејќи секогаш сакаат да помогнат и даваат одлични совети.

Девица

Никогаш не се преправаат дека се нешто што не се и никогаш не се фалат со нештата кои ги имаат. Се трудат да соработуваат со луѓето и да се приспособат на сè и секогаш се тука да ги мотивираат пријателите.

Бик

Баш како и претходните 3 знаци, Биковите се многу приземни и стабилни. Многу искрено го изразуваат мислењето и никогаш не им даваат лажна надеж и лажни ветувања на пријателите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.