Секоја одлука на Касами е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ – Во Тетово Беса и ДПМНЕ се лонче и капаче

Соработката помеѓу политичката партија БЕСА на градоначалникот Касами и ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ги изненадува граѓаните на Тетово, вели претседателот на подмладокот на СДСМ, Марко Михаилоски.

– Иако често може да ги забележиме како заедно се фотографираат со проектите кои што се подржани од Владата предводена од СДСМ, мора да се осврнеме на загрижувачкото влијание, особено во однос на блиската соработка помеѓу градоначалникот Касами и ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово.

ШЕРИФИТЕ НА СУЛЕЈМАНИ! Возачот на заменикот министер за култура нападнал полицајци – Три лица се приведени, министер и пратеник чекаат пред ПС Тетово!
Заменик-министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, во моментов е пред полициската станица во Тетово каде се приведени три лица, меѓу кои и возачот на Сулејмани и внукот …
Опколен УГЛЕДАР: Руските сили влегоа во населбите на периферијата на градот, напредувајќи чекор по чекор
Руски воен персонал влегол во станбени области во градот Угледар во Доњецката Народна Република, кој е под контрола на Украина, изјави во интервју за Владимир Рогов, претседател на …

Наместо брзо решавање на клучните прашања и предизвиците во Тетово, коалицијата на локално ниво предводена од БЕСА и ДПМНЕ, главен интерес не се граѓаните туку партиските интереси.

Доказ за тесната соработка и меѓусебна согласност на сите одлуки во Тетово меѓу градоначалникот Касами со ВМРО ДПМНЕ од Тетово се речиси половина од директорските и раководните позиции во Општина Тетово кои што ги извршуваат кадрите на ВМРО – ДПМНЕ.

Најважното место во Општината после Градоначалникот е Секретарот, оваа позиција ја извршува Дарко Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од списокот на директорски места и позиции кои што ги имаат ВМРО-ДПМНЕ со кои директно и блиску соработува со БЕСА на локално ниво се, Директор на ЈП Градски Паркинг – ВМРО-ДПМНЕ, директор на ЈП Капела и православни гробишта – ВМРО-ДПМНЕ, директор на ООУ Андреа Савески – Кикиш – ВМРО-ДПМНЕ, Заменик директор во СОУ 8 Септември – ВМРО – ДПМНЕ, заменик директор на ООУ Братство Миѓени – ВМРО-ДПМНЕ, заменик директор во ООУ Лирија – ВМРО ДПМНЕ.

Ова потврдува уште еднаш дека секоја одлука на Касами е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Во Тетово Беса и ДПМНЕ се лонче и капаче. – вели Михаилоски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.