„Постигнувањето мир во секој случај треба да ги поврзе Украина и НАТО. Неутралноста како алтернатива веќе нема смисла“, напиша Кисинџер (99) во увидник за магазинот „Спектатор“.
Дипломатот додаде дека во мај годинава предложил прекин на конфликтот, по што Русија ќе се повлече на првите линии од пред почетокот на конфликтот, но Крим ќе остане „предмет на преговори“.
На ова помошникот на украинскиот претседател Михаил Подољак на својот профил на Телеграм денеска напиша дека „г-дин Кисинџер ништо не разбрал“.
„Рецептот на кој тој повикува, но се плаши гласно да го каже е едноставен – смирете го агресорот жртвувајќи делови од Украина, со гаранции за ненапаѓање на другите источноевропски земји“, напиша Подољак.
Тој додаде дека сите оние кои се залагаат за мир „треба да разберат дека секој договор со ѓаволот, односно мир на сметка на украинските територии, е победа на Путин, како и рецепт за успех на автократите ширум светот“.
Кисинџер беше државен секретар на САД за време на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд и досега неколку пати се има сретнато со рускиот претседател Владимир Путин.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.