Четботите се создадени за да одговорат на секое ваше прашање – сепак, многумина ги користат за сексуално експлицитна содржина.
Истражувачи од неколку американски универзитети, од Беркли до Стенфорд, во соработка со колеги од ОАЕ, ги проучувале начините на кои луѓето комуницираат со големи јазични модели (LLM) во реални сценарија.
- Инцидент во Аеродром: Маж си ја претепал сопругата со тврд предмет
- Кучињата кои живеат во Чернобил развија супер сила: Истражувачите беа изненадени од необични откритија
- Нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Македонски Брод преку планинскиот превој Барбарос
- Трамп го започнува својот нов мандат со војна? Тој бара оваа земја да ја предаде својата територија на Америка
- ДЕДО МРАЗ ПРИСТИГНУВА ВО СКОПЈЕ СО ВОЗ: Одведете ги децата, ќе има спектакл!
- Русите отвораат нов фронт?! Илјадници војници се подготвени да ги преминат замрзнатите мочуришта, но една работа не им оди – што се случува во Украина!?
- Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
- Хороскопски знаци кои се мајстори за организација и планирање
Во нивниот труд, тие го претставија LMSYS-Chat-1M, голема база на податоци што содржи милион разговори на 210.000 корисници со чет-ботови на 150 светски јазици.
Дискусиите за софтверските грешки се главна тема за комуникација со чет-ботови, но забележани се и значителен број други теми кои спаѓаат во категоријата „барања за експлицитно и еротско раскажување приказни“ и „експлицитни сексуални фантазии и сценарија за играње улоги“.
Овој вид на содржина е тема на секое десетто прашање што луѓето го поставуваат на чет-ботови, а местата од првото до десеттото се полни со прашања за алатките за интерфејс, дизајн на софтвер, програмирање, барања за компресија на текст итн.
Истражувачите ја разгледуваат можноста за квартални ажурирања и ги охрабруваат другите колеги да ги истражуваат презентираните теми, со цел да обучат подобри модели користејќи вештачка интелигенција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.