Сексот се менува со текот на годините, а овие промени нè очекуваат од четириесеттата година.
Помала волја за секс
Кога ќе наполниме 40 години лесно почнува да се менува нивото на хормони. Тоа може да доведе до тоа жените да имаат помала желба за секс. Може да се случи и да им биде потребно повеќе време за навистина да бидат подготвени поради сувост на вагината. Може да се употребуваат лубриканти, но доволен е и разговор со партнерот за да се најде вистинското решение.
Помали се шансите за забременување
Колку што е повозрасна жената толку повеќе опаѓа квалитетот и количината на јајце клетките. Затоа е потешко да се забремени во така наречената втора половина од животот, но не и невозможно. Секој организам е различен. Факт е дека жената најлесно забременува до 26 години, потоа шансите полека опаѓаат. По четириесеттата година способноста е многу мала, а спонтано забременување по 45 години кај жената е многу ретко.
Почесто доживуваат оргазам
Не е вистина дека зрелите жени не можат да доживеат оргазам. Колку што е жената постара има и поголемо искуство, поголема самодоверба и е поотворена за секс. Поради тоа не е ограничена или под стрес, туку ужива во сексот. Затоа на жените во 40-тите им е полесно да го завршат сексот со оргазам.
Партнерот може подолго време да издржи
И кај мажите со годините се менува нивото на хормони. Тоа води до фактот дека може да го одложат оргазмот и поинтензивно да уживаат во сексот. Така има повеќе време и за партнерката, па веројатноста за заеднички оргазам е поголема.
Нови начини за забава во кревет
Ако во кревет работите не одат како што сакате може да најдете нови начини на забава. Да пробате нови работи и да се зближите на нов начин, со што ќе доживеете нови возбудливи авантури.